УТРО.мк

Битола се подготвува за „Трчај бе 2025“ – спорт и забава во еден настан

Битола се подготвува за „Трчај бе 2025“ – спорт и забава во еден настан
Vero

The Beatles пееја Get Back.
Паркети пеат Трчај бе

А Битола, низ историјата секогаш имала свои БИТОЛСИ со кои сме се гордееле како град.

Ова е нај-официјалната најава на темата за годинашнава трка.
Музичка трка.
Со звук што те тера да трчаш побрзо било да е за финиш, било за реприза.

На првиот постер • славни битолчани, од историјата до денес. Нашите БИТОЛСИ.
Некои ги препознаваш одма.
Некои ќе ги ѕиркаш 5 минути пред да ти „кликне“.
И да, ќе има уште.
Оти, имаме навистина со кои луѓе да си се пофалиме.

Кој е кој?
Пишете во коментари • ќе провериме колку ви е јака градската меморија.

14 септември Битола ќе биде сцена.
Пријавите се отворени уште кратко за ТРЧАЈ БЕ со Alpsko MK
Линк за пријави 🔗 https://trcaj.be/mk/event/trcaj-be-2025/

Мартин Цветановски стои како автор и на овој постер заедно со неговата Monday со која работиме сите овие години и сме бескрајно среќни на нашите соработки
@martin__cvetanovski

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран