Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 13:07 часот на границата меѓу Грција и Албанија.
Епицентарот се наоѓал на 105 километри од Елбасан и 22 километри од Костур. Трусот бил почувствуван и во Битола, но засега нема информации за материјални штети или повредени лица.