Од вечерва, 10 јуни 2025 година, во периодот од 19:00 до 00:00 часот, започнува забраната за моторен сообраќај на спојот на улиците „Димитар Илиевски Мурато“ и „Широк Сокак“. Оваа мерка ќе важи до 10 септември 2025 година и ќе биде спроведувана преку поставување на физички препреки.
Одлуката е донесена со цел да се обезбеди безбеден пешачки сообраќај во централното градско подрачје, овозможувајќи побезбедно и поудобно движење за пешаците во вечерните часови.
Граѓаните се замолуваат да ја почитуваат забраната и да користат алтернативни патни правци во овој временски период.