УТРО.мк

Битола ги уредува вело патеките – подобрена безбедност за велосипедистите

Битола ги уредува вело патеките – подобрена безбедност за велосипедистите
Vero

Општина Битола интензивно работи на уредување на вело патеките низ градот, со цел подобрување на условите и зголемување на безбедноста за велосипедистите. Во рамките на овие активности, поставени се нови и исправени постојните сообраќајни знаци долж велосипедските траси, а дополнително се освежуваат и хоризонталните ознаки.

Со уредувањето се обезбедува поголема прегледност и навременост во сообраќајната сигнализација, што директно влијае на свеста на возачите и почитувањето на правата на велосипедистите. Локалната самоуправа информира дека ова е дел од поширокиот план за развој на алтернативен транспорт, намалување на загадувањето и зголемување на урбаната мобилност.

Граѓаните ја поздравуваат иницијативата, нагласувајќи дека ваквите мали, но значајни интервенции ја прават Битола попријателска за велосипедисти и пешаци.

Фото: Тера ТВ

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран