УТРО.мк

Бесплатен превоз за посетителите на „Пелистерски Вајб“ на 8 Септември

Бесплатен превоз за посетителите на „Пелистерски Вајб“ на 8 Септември
Vero

Поради големиот интерес за настанот „Пелистерски Вајб“, кој ќе се одржи во понеделник, 8 септември 2025 година, организаторите во соработка со превозниците Пелалинк, Хера турс и МИГ травел обезбедија бесплатен превоз за сите посетители.

Настанот е во организација на Национален парк Пелистер, Бар Општина, Училница, Камарите, Де Ниро Кетеринг и Конец. Заинтересираните граѓани ќе можат да изберат една од двете понудени опции за бесплатен превоз:

поаѓање во 11:00 часот од Битола со враќање во 15:00 часот, поаѓање во 16:00 часот од Битола со враќање во 21:00 часот.

Сите заинтересирани треба да се пријават преку линкот објавен од организаторите, најдоцна до недела, 7 септември 2025 година, до 12:00 часот.

Настанот „Пелистерски Вајб“ има за цел да понуди уникатно доживување на Пелистер преку музика, дружење и уметност во природа.

https://forms.gle/fUttg8W2JBib5GDf6

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран