Битола, 26 декември 2025 – Кугланата во Битола е во завршна фаза на подготовка за лиценцирање со цел одржување на натпревари, вклучително и меѓународни. Реконструкцијата и замената на дотраената опрема чинеше 5 илјади евра, а работите ги изведе лиценцираниот одржувач Миле Вулетиќ од Апатин, Србија.
Денеска увид во завршените работи направија градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорот на „Комуналец“ Горан Степановски, кој е надлежен за одржување на објектот. Вулетиќ има повеќе од 12 реализирани куглани и искуство во подготовка на сали за европски и светски купови.
Според најавите, во јануари 2026 година кугланата повторно ќе биде лиценцирана од овластен претставник, со цел да добие дозвола за организирање меѓународни натпревари.



























