Жичницата шестосед на Ски центарот Попова Шапка од 26 декември, ќе биде отворена за прошетки и скијачки активности, соопштија од центарот. Сепак, за целосно уживање на ски-патеките се очекуваат свежи снежни врнежи кои ќе го овозможат официјалното отворање на зимската сезона.
„Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства“, велат од Ски центарот Попова Шапка.
Климатските услови засега остануваат стабилни, но скијачката заедница со нетрпение ја очекува првата сериозна снежна покривка.



























