Општина Јегуновце ја најави традиционалната новогодишна програма за најмладите жители, која ќе се одржи оваа недела со почеток во 12:00 часот на плоштадот пред општинската зграда.
Градоначалникот Димитар Костадиноски истакна дека културно-забавната програма е наменета за дечињата, кои најмногу ја очекуваат магијата на новогодишните празници. На настанот ќе се појави и „Дедо Мраз“, кој ќе ги изненади најмладите со пригодни подароци.
„Дојдете да ги почувствуваме заедно првите празнични мигови, исполнети со радост и среќа за дечињата“, рече Костадиновски, повикувајќи ги граѓаните да учествуваат во заедничката празнична атмосфера.



























