УТРО.мк

Градоначалникот Коњановски ги пречека учениците од „Кочо Рацин“ во општината

Градоначалникот Коњановски ги пречека учениците од „Кочо Рацин“ во општината
Vero

Битола, 26 декември 2025 – Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на општинските институции.

Посетата започна во салата на Советот на Општина Битола, каде што учениците присуствуваа на комисиска расправа и беа пречекани од претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, и советниците, кои ги информираа за улогата и значењето на Советот и начинот на неговото функционирање.

Учениците беа примени и во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, кој им објасни за надлежностите на градоначалникот, значењето на работата на општинската администрација и улогата на локалната самоуправа во секојдневниот живот на граѓаните.

Посетата заврши со доделување на новогодишни пакетчиња и заедничка фотографија со градоначалникот, наставниците и родителите.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран