На граничниот премин Табановце синоќа полицијата спречи обид за шверц на стари и ретки монети. При контрола на возило со швајцарски регистарски таблички, управувано од 39-годишен кумановец, биле пронајдени 271 монета со различни големини и историско потекло.
Сите монети биле одземени, а осомничениот бил приведен. За случајот е известено и Обвинителството, кое ќе ја преземе понатамошната постапка.



























