УТРО.мк

ПРОДОЛЖЕНА ПОВЛАСТЕНАТА СТАПКА ОД 5% ДДВ ЗА ПРВО КУПУВАЊЕ СТАН ДО 2028 ГОДИНА

ПРОДОЛЖЕНА ПОВЛАСТЕНАТА СТАПКА ОД 5% ДДВ ЗА ПРВО КУПУВАЊЕ СТАН ДО 2028 ГОДИНА
Vero

Повластената стапка од 5 отсто ДДВ при прво купување стан ќе продолжи да важи до декември 2028 година, најави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска. Законската измена ќе биде усвоена на пленарна седница во Собранието и се однесува на првиот промет на станбени згради и станови кои се користат исклучиво за домување.

Со измените на Законот за данокот на додадена вредност се спречува автоматското зголемување на ДДВ од 5 на 18 проценти, кое според претходното законско решение требаше да стапи на сила од јануари 2026 година. Според Димитровска, ваквото зголемување неминовно ќе предизвикало нов бран поскапувања на пазарот на недвижности.

– За стан од околу 70 метри квадратни, граѓаните можат да заштедат и до 15.000 евра, во зависност од купопродажната цена. Тоа е сериозна и реална поддршка за граѓаните – истакна Димитровска.

Таа нагласи дека мерката има директно влијание врз животниот стандард, особено за младите семејства кои тешко обезбедуваат сопствен дом во услови на високи цени на недвижностите. Според неа, продолжувањето на повластената стапка го намалува притисокот врз купувачите и го ограничува просторот за дополнителни поскапувања од страна на инвеститорите.

Законската измена е поднесена од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се зачува пристапноста до домување и да се обезбеди континуирана поддршка за граѓаните при решавање на станбеното прашање.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран