Скопје, 26 декември 2025 – Само два дена остануваат до концертот на Влатко Миладиновски кој ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Настанот, кој ветува незаборавни моменти, ќе започне во недела во 21:00 часот, а љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во богат репертоар од македонски хитови.
Карти за концертот можат да се набават преку платформата Kupikarta, како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел – Бисер и ЈК Травел – Дајмонд.
Организаторите најавуваат спектакл кој ќе остане запаметен, а Влатко Миладиновски најавува вечер полна со емоции, музика и традиција која ќе ја почувствуваат сите присутни.



























