Скопје, 28 јули 2025 – Децата и младите во СевернаМакедонија, Србија и Босна и Херцеговина веќе ги чувствуваатпридобивките од стратешкото партнерство што пред еднагодина го започнаа Нелт Груп и УНИЦЕФ со цел образовните системи во регионот да станат поотпорни, поинклузивни и подобро подготвени да одговорат на барањата на современотоопштество и пазарот на труд.

Преку заедничка трогодишна иницијатива во вредност од 1,3 милиони американски долари, учениците од училишта соголема застапеност на ранливи групи добиваат можности даразвиваат дигитални и зелени вештини, да учат преку STEM-проекти, и да ја изградат својата самодоверба, креативност и тимски дух. Во 2026 година, иницијативата ќе се прошири и на пазарот во Ангола, каде што Нелт Груп исто така работи.
Децата и младите мора да стекнат знаења и вештини што ќе им овозможат да се справат со предизвиците и да ги искористатможностите на иднината. Образованието денес мора да го следиразвојот на науката, технологијата и економијата, за ученицитеда стекнат знаења засновани на нови научни откритија и современи технолошки достигнувања, како и вештини за нивнапримена во секојдневниот живот. За успешно справување собарањата на современото време, клучно е стекнување вештиниод 21 век, како што се критичко размислување, решавањепроблеми, соработка и креативност.
„Инвестирањето во практично учење и развој на зеленивештини ги оспособува учениците за иднината. Тоа гиподготвува за работни места во економијата што брзо се менуваи во сè поголемиот зелен сектор и им помага да придонесат восоздавањето поотпорни, поправедни и поиновативниопштества,“ изјави претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер.„За УНИЦЕФ, ова партнерство овозможува да придонесеме коннационалните напори за усогласување на образованието сопроменливите потреби на пазарот на труд и се надеваме дека и други компании ќе се инспирираат да го следат овој пример.“
Во Северна Македонија, програмата „Оснажување на учениците преку практично учење и образование заживотната средина и климатските промени “ го унапредувасредното стручно образование преку интегрирање на зеленивештини. Досега се воспоставени 16 нови партнерства помеѓуучилишта и научни/јавни институции за практична едукација заживотната средина и климата. Обучени се 45 ментори, а допочетокот на следната учебна година се планира тој број дадостигне 120. Во тек е ревизија на наставните програми за 10 клучни стручни предмети, со што секоја година ќе бидатопфатени повеќе од 3.000 ученици – значително надминувајќиги првично планираните цели.
„Партнерството со УНИЦЕФ е за нас стратешки фокусираназаложба насочена кон заедницата. На ова гледаме како можностда придонесеме за развојот на образовниот систем и даобезбедиме квалитетно образование за секое дете. Инвестицијаод 330.000 американски долари е определена за унапредувањена вештините на учениците во стручните училишта прекупрактична обука и летни практикантства, со фокус на развој на зелени вештини. Сакаме учениците во средното стручнообразование да стекнат знаења и вештини кои ќе им користат на многу начини низ нивниот професионален живот и ќе импомогнат да успеат на динамичниот и предизвикувачки пазар на трудот во 21 век,“ изјави Сашко Блажевски, извршен директорна Нелт СТ.
Во Србија, програмата „Поддршка за развој на вештини од 21 век“ ќе им помогне на 15.000 ученици од 30 основниучилишта со голем број деца од ранливи групи да ги развијатвештините што им се потребни за живот и работа восовремениот свет. Се развива нов концепт на училишниклубови во соработка со наставници, експерти и носители на одлуки. Училиштата добија STEM-комплети кои се користат вонаставата и претставуваат вреден ресурс за истражувачкиактивности во рамки на училишните STEM клубови. Организирани се размени на идеи помеѓу наставници и директори, што се покажа како силен извор на учење и мотивација. Во подготовка е и поддршка за директорите на училиштата за развој на лидерски вештини преку менторскимодел инспириран од бизнис-светот.
Во Босна и Херцеговина, програмата „TransformED“ работи на дигитална трансформација на образованието. Во првата година, 25 училишта учествуваа во иновативната иницијатива„Играње со е-отпад“, каде што старите електронски уреди секористат во STEM-настава. Обучени се 35 наставници и развиени се едукативни материјали кои ќе бидат достапни на мрежа од 100 училишта. Дел од овие материјали се вклучени и во иницијативата IT Girls. УНИЦЕФ и неговите партнеривоспоставија и меѓусекторско тело за дигиталнатрансформација на образованието на национално ниво во Боснаи Херцеговина.