
Центарот за управување со кризи информира дека денеска во попладневните часови на одделни патни правци е забележана појава на врнежи од ледени зрна, кои доведуваат до брзо и ненадејно заледување на коловозите. Најкритични се повисоките и планинските предели, каде што условите за сообраќај значително се влошуваат.
Од ЦУК апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, да ја прилагодат брзината на движење според состојбата на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание меѓу возилата и задолжително да користат соодветна зимска опрема.



























