
Скопје – Обилни снежни врнежи ја направија сообраќајната ситуација во Македонија тешко проодна, при што граѓаните пријавуваат заглавени возила на повеќе патни правци.
Според информациите од регионалните центри, тешко проодни се патиштата: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе регионални патишта во западниот дел на државата.
На бројот за итни случаи 112 се пријавени неколку случаи на заглавени возила, како и едно излетување од пат.



























