
Кран-Монтана – Пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во Кран-Монтана кој однесе десетици животи и повреди стотици гости, повторно ги потсетува светските медиуми на најсмртоносните инциденти во ноќни клубови предизвикани од пиротехника.
Како што потсетува францускиот весник „Le Parisien“, слични трагедии се случиле во повеќе земји:
Руан, Франција (2016) – Во барот „Куба Либре“, роденденски прскалки го запалиле таванот во подрумски клуб. Загинаа 14 лица, а сопствениците подоцна беа осудени за убиство од небрежност. Букурешт, Романија (2015) – Клубот „Колектив“ зафатен од пожар за време на метал бенд настап, со 64 жртви и над 150 повредени. Пожарот предизвика протести и оставка на тогашната влада. Кочани, Македонија (2025) – Сценски пламени активирани на концерт на хип-хоп групата ДНК предизвикаа околу 60 загинати и повеќе од 200 повредени. Бразил (2013) – Дискотеката „Кисс“ зафатена од пиротехника, 242 загинати и над 600 повредени, оставајќи трагичен белег како една од најсмртоносните несреќи во светот. Бангкок, Тајланд (2009) – Новогодишна прослава завршила со 67 мртви и 222 повредени по пожар кој се претпоставува дека бил предизвикан од огномет или прскалки во затворен простор.



























