
Кран-Монтана – Потрага по 16-годишниот Акиле Бароси продолжува откако тој се вратил во барот „Ле Констелејшн“ по својата јакна и телефон на 1 јануари околу 1:30 часот по полноќ. Од тогаш, неговото семејство нема никаква вест за него и изразува длабока загриженост за неговата безбедност.
„Не знаеме дали е сè уште жив. Само сакаме да го најдеме“, изјави тетката на Акиле, Франческа, додавајќи дека тој е прекрасно момче и талентиран сликар кој посетува уметничко училиште во Милано.
Швајцарските власти соопштија дека официјалната идентификација на мртвите и повредените се уште е во тек. Од 119 повредени лица, 113 се идентификувани, меѓу кои има граѓани на Швајцарија, Франција, Италија, Србија, Босна, Белгија, Луксембург, Полска и Португалија.
Првата идентификувана жртва е 16-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини. Властите предупредуваат дека утврдувањето на конечниот број на жртви ќе потрае поради тешките изгореници на телата.



























