УТРО.мк

Земјотресите во регионот се дел од природни геолошки процеси, вели сеизмологот Милески

Земјотресите во регионот се дел од природни геолошки процеси, вели сеизмологот Милески
Vero

Граѓаните на Скопје и Тетово вчера вечерта почувствуваа потрес од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар се наоѓаше во Косово. Овој настан следеше само два дена по претходниот земјотрес, регистриран во неделата околу 23:09 часот во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Иако бројките можат да загрижуваат, редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, повикува на смиреност. Тој објаснува дека ваквите потреси се природна појава и дел од долготрајните геолошки процеси кои го обликуваат Балканот.

„Ништо страшно. Немирната Шар Планина уште расте, можеби само за десетина милиметри, но тоа е сосема нормално. Таа го прави тоа со милиони години, а ние можеме да се одмориме“, изјави Милевски, со малку иронија, но и смирувачка порака.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран