УТРО.мк

Промени во врвот на турската власт: Ердоган именува нови министри за правда и внатрешни работи

Промени во врвот на турската власт: Ердоган именува нови министри за правда и внатрешни работи
Vero

Во ненадејна реконструкција на турската влада, претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска го смени министерот за правда и министерот за внатрешни работи, објави агенцијата „Анадолија“. Според Службениот весник, функцијата министер за правда ќе ја преземе главниот обвинител на Истанбул, Акин Гурлек, кој ќе го замени Јилмаз Тунч. На местото на Али Јерликај во министерството за внатрешни работи е назначен Мустафа Чифтчи, досегашниот гувернер на источната покраина Ерзурум. Во официјалното соопштение се наведува дека Тунч и Јерликај „побарале да бидат ослободени од должност“, но не е дадено објаснување за ненадејните промени.

Овие кадровски потези доаѓаат во критичен период за Турција, додека владата размислува за уставни реформи и продолжува „контактите“ со Курдистанската работничка партија (ПКК) со цел да се стави крај на деценискиот конфликт. Очекувањата се дека Парламентот ќе ги усвои потребните реформи за поддршка на овој процес.

Назначувањето на Гурлек предизвика контроверзии, пишува АП. Како поранешен обвинител, тој водеше низа високопрофилни судски процеси против членови на главната опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП). Во рамките на овие истраги беа уапсени десетици функционери од општини предводени од ЦХП, вклучително и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е еден од најголемите политички ривали на Ердоган и минатата година беше зад решетки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран