УТРО.мк

ВЛЕН: Скопје–Блаце стана симбол на лагите на Бујар Османи

ВЛЕН: Скопје–Блаце стана симбол на лагите на Бујар Османи
Vero

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, соопштија од Влен.

Од партијата додаваат дека наместо реализација, јавноста добила „Фејсбук сесии, фотографии, изјави и скапи видеа, но резултати нула“.

„Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош“, наведува Влен.

Во соопштението се посочува дека Османи, кој во изминатата деценија бил на повеќе високи државни функции – министер во владата на Никола Груевски, вицепремиер за европски прашања, а потоа и министер за надворешни работи во владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски – „нема резултати ниту за автопатот, ниту за општините на кои најмногу им ветувал“.

„Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому. Тој е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и пол години – празни“, стои во реакцијата на Влен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран