На 24. август 2025 година, околу 21:00 часот во Тетово, 14-годишен малолетник бил физички нападнат во локален парк од неколку лица, кои користеле разни предмети, соопшти СВР Тетово.
Пријавата ја поднел Б.Ј. (34) од село Копачин Дол, општина Желино. Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на виновниците.