УТРО.мк

ВЛЕН: Македонија прва на Балканот со најсовремен томографски систем за контрола на рачниот багаж

ВЛЕН: Македонија прва на Балканот со најсовремен томографски систем за контрола на рачниот багаж
Vero

Воздушниот сообраќај во Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедноста, нови технологии и проширување на мрежата на авиолинии, соопштија од ВЛЕН.

Според партијата, заменик-министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи присуствувала на пуштањето во употреба на нов томографски систем за безбедносна контрола на рачниот багаж на аеродромот. Станува збор за инвестиција вредна еден милион евра, а од ВЛЕН велат дека ова е првиот ваков систем на Балканот, со што Македонија се вбројува меѓу земјите што применуваат најсовремени технологии во областа на авијациската безбедност.

Од ВЛЕН наведуваат дека, покрај технолошката модернизација, во изминатите две години биле отворени 28 нови авионски дестинации. Според нивните очекувања, годинава бројот на патници ќе надмине 3,5 милиони, што, како што оценуваат, е показател за зајакнување на позицијата на Македонија како значајна воздушна транспортна точка во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin