УТРО.мк

Македонски фолклорни ансамбли од Австралија настапија во Скопје

Македонски фолклорни ансамбли од Австралија настапија во Скопје
Vero

Македонските културно-уметнички друштва „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски Бисери“ од Волонгонг, Австралија, настапија во Скопје, претставувајќи дел од богатото македонско фолклорно наследство.

Пред бројната публика, членовите на двата ансамбла изведоа традиционални македонски ора, песни и народни носии, пренесувајќи ја љубовта кон македонската култура што со децении ја негуваат во дијаспората.

Настапот беше можност за зацврстување на врските меѓу македонската дијаспора во Австралија и татковината, како и за промоција на традицијата и културниот идентитет пред домашната публика.

КУД „Светлост“ од Мелбурн и КУД „Македонски Бисери“ од Волонгонг се меѓу најактивните македонски фолклорни друштва во Австралија, кои преку своите настапи и културни активности придонесуваат за зачувување и афирмација на македонското културно наследство меѓу новите генерации.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin