УТРО.мк

ВЛЕН: Бујар Османи е пример за неефикасна и незаконска работа

ВЛЕН: Бујар Османи е пример за неефикасна и незаконска работа
Vero

ВЛЕН обвини дека политичката кариера на Бујар Османи е обележана со лични интереси и незаконско постапување, а не со работа во корист на граѓаните. Партијата потсети на извештаите на Државниот завод за ревизија, кои содржат сериозни забелешки за периодот кога Османи бил министер за здравство (2008–2011).

Во ревизорскиот извештај за 2009 година, објавен во 2010, се наведува незаконска употреба на службени возила без официјални одлуки и месечни извештаи, исплата на 4,58 милиони денари за деривати без соодветна проверка и усогласување на фактурите, како и сервисирање возила без докази и исплата од 1,4 милиони денари без записници за квалитетен прием.

Ревизорите утврдиле и незаконски вработувања преку агенции, ангажмани за проекти кои не биле предвидени со систематизацијата, како и сомнителни награди за членови на комисијата за јавни набавки во износ од 410 илјади денари, исплатени без докази за извршена работа.

„Овој извештај е доказ дека Османи не само што не оставил никаков траен развоен белег во здравствениот систем, туку напротив, неговото раководење било пример за незаконско трошење на јавни пари,“ велат од ВЛЕН.

Од партијата додаваат дека истиот човек, кој добил негативни извештаи од државните ревизори, сега бара доверба од граѓаните на Општина Чаир за, како што велат, да продолжи со незаконските практики на локално ниво. „Чаир не смее да стане засолниште за незаконската работа на Бујар Османи, додека неговата партија е во опозиција,“ порачаа од ВЛЕН.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран