УТРО.мк

Лишен од слобода возач од Куманово, управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода возач од Куманово, управувал возило под дејство на алкохол
Vero

На 10.08.2025 во 11:55 часот на регионалниот пат Р-1401, на место викано „Дојранска раскрсница“, полициски службеници од Полициска станица Валандово го лишиле од слобода Б.К.(48) од Куманово.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Б.К бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.33% промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во Полициска станица Валандово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран