УТРО.мк

ВЛЕН: Албанците бараа единство и силно политичко претставување

ВЛЕН: Албанците бараа единство и силно политичко претставување
Vero

Од коалицијата ВЛЕН порачаа дека нивното формирање не било резултат на потребата за уште еден политички субјект на албанската политичка сцена, туку од стремежот за обединување на политичката енергија и волјата на Албанците околу заедничка визија.

„Со години албанските граѓани слушаа ветувања за обединување. Многумина зборуваа за тоа, но малкумина беа подготвени заедничкиот интерес да го стават над партискиот“, велат од ВЛЕН.

Според нив, за првпат пет политички сили ги надминале меѓусебните разлики и изградиле заеднички политички проект, кој, како што наведуваат, произлегува од довербата на граѓаните во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Струга, Дебар и во сите населени места каде што се бара чесно претставување, развој и достоинство.

Од ВЛЕН истакнуваат дека претставуваат модерна алтернатива од десниот центар, заснована на семејните вредности, трудот, меритократијата, економскиот развој и одговорното владеење.

„Во време кога многумина инвестираат во поделби, ние го избравме обединувањето. Во време кога политиката често се мери со тесни интереси, ние го избравме интересот на граѓаните“, наведуваат од коалицијата.

Оттаму порачуваат дека Албанците немале потреба од уште една политичка партија, туку од поголема политичка сила која ќе ги обедини и ќе ги претставува нивните интереси.

„На Албанците не им требаше уште една партија. Им требаше поголема сила. Им требаше ВЛЕН“, се наведува во соопштението.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin