Како што извести јавно претпријатие за државни патишта, од денеска стапуваат во сила нови правила за користење на лентите на патарините.
Согласно оперативните измени во системот за наплата, лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски тагови, додека плаќањето со MCard на овие ленти целосно се укинува.
Од ЈПДП информираат дека корисниците кои користат MCard ќе треба наплатата да ја реализираат на останатите достапни ленти на наплатните станици, согласно нивната намена.

Дополнително, возачите се повикуваат внимателно да ја следат и сигнализацијата за статусот на лентите:
зелена стрелка – означува активна и отворена лента
црвен икс (X) – означува затворена лента
Од ЈПДП предупредуваат дека непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои, намалена ефикасност и да влијае врз безбедноста во сообраќајот.