УТРО.мк

Уапсено лицето кое Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

Уапсено лицето кое Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче
Vero

Попладнево беше уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого сведочеше обвинетиот Велибор Манев дека го уништил ранецот во кој се наоѓал пиштолот со кој беа убиени Вања и Панче. Информацијата ја потврдија од Обвинителството.

„Лицето е лишено од слобода по наредба на јавен обвинител. Се преземаат и други дејствија“, соопштија од Обвинителството.

Манев ги шокира сите во судницата кога го откри името на лицето и неговата работна позиција.

„Ова е последната коцка од сложувалката. Дека ранецот е кај Зоран Давитков, член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Тоа е сѐ за фамозниот ранец и за тоа дека лажам за ранецот, иако го има на камери“, рече Манев.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран