УТРО.мк

Спасовски за случајот „Пулс“: Не може да има вина за функционери од пред 10 и повеќе години, сите знаевме дека дискотеката работи

Спасовски за случајот „Пулс“: Не може да има вина за функционери од пред 10 и повеќе години, сите знаевме дека дискотеката работи
Vero

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сериозна загриженост за начинот на кој се води истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека постои ризик целиот случај да доживее неуспех на суд доколку одговорноста се шири без јасна причинско-последична врска.


Говорејќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски порача дека не смее да се бара вина кај функционери кои биле на позиции пред десетина години само за да се задоволи јавниот револт по трагедијата.
– Дали може градоначалници кои биле на функција во 2012 или 2017 година да носат одговорност за тоа што се случило во 2025 година? Мора да постои каузалитет и јасен тек на настаните што ќе обезбеди вистинска правда – изјави Спасовски.


Тој предупреди дека вклучувањето на сите можни пропусти, институции и поранешни функционери во една истрага може сериозно да ја ослабне обвинителната постапка и на крајот да предизвика колапс на предметот пред судските органи.


Според Спасовски, истрагата мора прецизно да утврди кој носел конкретни одлуки и кој имал директна одговорност за функционирањето на дискотеката „Пулс“, наместо вината да се распределува широко и без цврсти докази.
Поранешниот министер ја отфрли и тезата дека дискотеката работела тајно или во таканаречена „длабока илегала“, нагласувајќи дека нејзиното постоење и функционирање било јавно познато.


– Сите знаевме дека таа дискотека работи, и Кочани и цела Македонија. Прашањето е кој и на каков начин носел одлуки за да може таа да функционира – истакна Спасовски.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран