УТРО.мк

Собранието го изгласа новиот закон електричните тротинети – Ова се новите правила

Собранието го изгласа новиот закон електричните тротинети – Ова се новите правила
Vero

Собранието денес го изгласа Законот за регулација на лесните електрични возила (тротинети), со кој се воведуваат построги правила за нивно користење во сообраќајот.

Со новите законски измени, старосната граница за управување со вакви возила се зголемува, односно само лица над 18 години ќе можат да управуваат со лесни електрични возила.

Предвидени се и построги казни за непрописно возење, како што се пречекорување на дозволената брзина, управување под дејство на алкохол, како и превезување друго лице или малолетник зад управувачот.

Законот предвидува и мерка за привремено одземање на возилото до 30 дена за најтешките прекршоци, како дополнување на паричните казни.

Целта на овие измени е зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на сообраќајните незгоди и подобра заштита на сите учесници во сообраќајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin