УТРО.мк

Гори сува трева во Шуто Оризари: Огнот се шири кон куќите

Гори сува трева во Шуто Оризари: Огнот се шири кон куќите
Vero

Во скопската општина Скопје, во населбата Шуто Оризари, денеска е пријавен пожар на сува трева кој, според првичните информации, се шири кон станбени објекти.

Од Центар за управување со кризи информираат дека преку Единствениот повикувачки број 112 е добиена пријава за пожар во сува трева во близина на објектот „Џиди Комерц“.

Според соопштението, огнот се движи во правец на куќите во населбата, поради што веднаш се алармирани екипите на Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје, кои се упатени на терен за локализирање на пожарот.

Надлежните служби работат на спречување на понатамошно ширење на огнената стихија, а засега нема информации за повредени лица или причинета поголема материјална штета.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin