
ЈКП „Водовод Битола“ ги известува граѓаните дека утре, 01.07.2026 година (среда), поради технички зафат на водоводната мрежа, ќе има прекин на водоснабдувањето во дел од село Кравари.
Без вода ќе бидат корисниците од црквата Св. Богородица до фабриката „Кромберг и Шуберт“.
Прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата на екипите на терен.

















