УТРО.мк

Општина Чаир: Владо Јаневски засекогаш ќе остане симбол на нашиот Чаир, Советот ќе го одбележи неговиот лик и дело

Општина Чаир: Владо Јаневски засекогаш ќе остане симбол на нашиот Чаир, Советот ќе го одбележи неговиот лик и дело
Vero

Општина Чаир изрази длабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата македонска јавност по повод смртта на музичката легенда Владо Јаневски, истакнувајќи дека неговото творештво ќе продолжи да живее меѓу генерациите.

Во објавата се наведува дека Чаир останува без својот човек, поет и музичар, но дека неговите песни ќе продолжат да ја хранат душата на градот.

„‘Некогаш и негде’, ‘Ако не те сакам’, ‘Срце преку небото’ и ‘Чаирска романтика’ остануваат евергрини за многу генерации, преку кои Владо Јаневски нè учеше за љубовта, животот и човечноста. Слава му!“, порачаа од Општина Чаир.

Воедно, од Општината најавија дека Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски, како знак на почит кон неговиот исклучителен придонес во музиката и културата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin