УТРО.мк

Без вода речиси 18 часа: Санација на дефект ќе погоди три улици во Скопје

Без вода речиси 18 часа: Санација на дефект ќе погоди три улици во Скопје
Vero

Жителите на три скопски улици ќе останат без вода од утре попладне поради планирани зафати на водоводната мрежа, информира ЈП Водовод и канализација.

Според најавата, утре од 18:00 часот на улицата „Никола Парапунов“ ќе се врши санација на два затворачи со профил Ф400 мм и Ф500 мм, доколку бидат обезбедени потребните технички услови за изведување на интервенцијата.

Поради зафатот, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на улицата „Никола Парапунов“, дел од улицата „Разловечко Востание“ и дел од улицата „Вич“.

Од претпријатието посочуваат дека нормализирањето на водоснабдувањето се очекува околу 12:00 часот во сабота.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin