
На 24.06.2026 околу 17:30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С. (33) од Скопје и велосипед управуван од М.М. (45) од Скопје.
Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите биле констатирани.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на утврдување на сите околности за причините на несреќата.

















