УТРО.мк

Земјотрес од 7,2 степени го стресе северот на Јапонија

Земјотрес од 7,2 степени го стресе северот на Јапонија
Vero

Силен земјотрес со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Јапонија, предизвикувајќи вознемиреност кај населението, но без информации за поголеми штети или жртви.

Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот на потресот бил лоциран во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри. Првичната проценка од 6,9 степени подоцна беше ревидирана на 7,2 степени.

Потресот бил почувствуван и во главниот град Токио, како и во поширокиот североисточен регион на земјата. Во некои градови тресењето траело неколку минути, а од безбедносни причини привремено бил прекинат сообраќајот на одредени железнички линии и брзи возови.

Јапонските власти соопштија дека нема опасност од цунами и дека досегашните информации не укажуваат на поголеми материјални оштетувања.

Премиерката Санае Такаичи информираше дека владиниот кризен штаб внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира доколку се појави потреба од спасувачки активности.

Граѓаните во погодените подрачја се предупредени да останат внимателни поради можноста од дополнителни потреси во наредните часови и денови.

Од надлежните институции беше соопштено и дека не се забележани неправилности во работата на нуклеарните постројки, вклучително и во нуклеарната централа Фукушима Даичи.

Јапонија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, регион познат по интензивна сеизмичка активност, поради што земјата редовно се соочува со силни земјотреси.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin