УТРО.мк

Од 1 јули нови ограничувања на патиштата – еве што треба да знаат возачите

Од 1 јули нови ограничувања на патиштата – еве што треба да знаат возачите
Vero

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија ќе важи летен времен режим на сообраќај, со кој се воведуваат ограничувања за движење на тешките товарни возила со вкупна маса над 15 тони.

Според информациите на АМСМ, забраната ќе важи во следните термини:

  • петок од 17:00 до 22:00 часот,
  • сабота од 09:00 до 18:00 часот,
  • недела од 09:00 до 22:00 часот.

Дополнително, доколку Министерството за здравство прогласи екстремно високи температури, ограничувањето ќе се применува и од понеделник до четврток, во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Од оваа забрана се изземени возилата што превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материи, како и возила ангажирани на проекти за изградба и одржување на државните патишта.

Посебен режим ќе важи и на магистралниот пат А2, на делницата Скопје – Охрид – Скопје, каде што до 1 септември ќе биде забрането движењето на товарни возила потешки од 7,5 тони за време на викендите. Ограничувањето ќе се применува:

  • во петок од 15:00 до 22:00 часот,
  • во сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 24:00 часот,
  • во недела од 07:00 до 22:00 часот.

Од АМСМ посочуваат дека целта на летниот режим е да се намалат сообраќајните метежи кон туристичките дестинации, особено кон Охрид, да се избегнат застои на наплатните рампи и да се овозможи побрз и побезбеден проток на сообраќајот во текот на летната сезона.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin