УТРО.мк

ВЛЕН: Ахмети 24 години беше на власт, а Зајас остана без канализација

ВЛЕН: Ахмети 24 години беше на власт, а Зајас остана без канализација
Vero

ВЛЕН: Ахмети мораше да замине во опозиција за Зајас конечно да добие канализација
Коалицијата ВЛЕН со ново соопштение упати остри обвинувања кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврдејќи дека неговото родно село Зајас останало без канализациска мрежа во текот на 24 години додека партијата била на власт.

Од ВЛЕН оценуваат дека е „иронично“ што, иако ДУИ со години располагала со министри, директори, општини и милиони евра, не успеала да реализира еден од основните инфраструктурни проекти во селото.

Во партиското соопштение се наведува дека со отворањето на нови информации околу проектот се појавуваат сè повеќе сомнежи за начинот на кој биле трошени европските средства. Според ВЛЕН, додека граѓаните чекале изградба на канализација, други, како што велат, имале корист од исплати и договори поврзани со проектот.

Коалицијата поставува прашања кој профитирал од проектот, кои компании биле вклучени, кој ги одобрувал исплатите и дали истрагата ќе ги опфати сите инволвирани лица.
„Албанците заслужуваат да ја знаат вистината. Заслужуваат да знаат каде завршиле милионите евра, кој имал корист од проектот и зошто Зајас 24 години остана без основна инфраструктура“, наведуваат од ВЛЕН.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin