УТРО.мк

Шпански државјанин фатен со нелегално увезена опрема за тетовирање и пирсинг на аеродромот во Скопје

Шпански државјанин фатен со нелегално увезена опрема за тетовирање и пирсинг на аеродромот во Скопје
Vero

Царинската управа на аеродромот во Скопје, минатата недела спречи обид за криумчарење на голема количина стока, откривајќи 1.463 парчиња титаниумски пирсинг.

При рутинска контрола, службениците не само што го открија пирсингот, туку и опрема за тетовирање, вклучувајќи 32 ножици и 70 игли, која според законските регулативи бара посебни дозволи за увоз. Без соодветна документација, ваквите материјали не можат легално да влезат во земјата.

Лицето кое се обидело да ја внесе стоката е државјанин на Шпанија, кој пристигнал од Стокхолм со конечна дестинација Кипар. Непријавената стока веднаш била запленета, а против сторителот е покрената прекршочна постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран