УТРО.мк

Македонските роботички тимови освоија злато и сребро на Олимпијадата за роботика

Македонските роботички тимови освоија злато и сребро на Олимпијадата за роботика
Vero

Македонските млади иноватори повторно ја воодушевија меѓународната сцена, овојпат на Minoan Robotsports Competition Global Olympiad, каде што од 3 до 6 април на островот Крит се собра елитата на светската роботика. Во конкуренција од околу 1.500 тимови од повеќе од 40 земји, нашите претставници блеснаа токму таму каде што предизвикот е најголем, во дисциплината што бара целосно автономни роботи способни за прецизно и самостојно решавање сложени задачи.

Златниот трофеј го понесе тимот Space Walkers во категоријата од 13 до 18 години, составен од Павел Попоски, Анастасија Дудеска и Јаков Петков. Нивниот успех го надополнија и нивните помлади колеги, тимот Space Walkers Alfa, каде Матеа Андонова, Глигор Дединец и Петар Копачев се закитија со сребрен медал. Дополнително, солиден пласман обезбеди и Space Walkers JR, со Андреј Спасевски и Стефан Пешов, кои се најдоа меѓу петте најдобри.

Зад овие резултати стои посветена работа и внимателно менторство од страна на Александра Митревска и Жарко Поп-Илиев од СТЕМ Академија, кои со години градат генерации млади таленти подготвени да се соочат со најсложените технолошки предизвици.

Според Митревска, ваквите натпреварувања не се само арена за докажување, туку и силен поттик за идниот развој на децата. Преку практична работа тие учат како идејата да ја претворат во функционален систем, како машините „размислуваат“ преку податоци од сензори и како тимската динамика е клучна за успех. Во процесот се калат вештини како брзо решавање проблеми, креативност и издржливост под притисок.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран