
На вчерашната седница, Собранието на Република Македонија усвои измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, кои ќе им овозможат на возачите со B-категорија да управуваат мотоцикли до 125 см³.
Според новите правила, за ова ќе се бараат неколку предуслови: кандидатите мора да имаат најмалку пет години возачко искуство, да бидат постари од 23 години и да ја завршат предвидената теоретска обука за мотоцикли.























