УТРО.мк

Мицкоски: Решението за правосудниот испит мора да биде уставно и според меѓународни стандарди

Мицкоски: Решението за правосудниот испит мора да биде уставно и според меѓународни стандарди
Vero
ministerstvo za pravda
ministerstvo za pravda

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека секое можно решение околу полагањето на правосудниот испит на албански јазик мора строго да се движи во рамките на Уставот и да биде усогласено со меѓународните критериуми. Тој нагласи дека политичките барања не можат да бидат над правниот поредок, потенцирајќи дека државата има обврска да постапува европски, односно со целосно почитување на правните норми.

Според него, актуелниот Закон за употреба на јазиците веќе е предмет на оценка пред Уставниот суд, особено во деловите што се однесуваат на правосудството и принципот на владеење на правото. Дополнително, како што истакна, постои и негативен став од Венецијанската комисија, која предупредува дека воведувањето двојазичност во судството може да создаде сериозни проблеми, од недостаток на ресурси до ризик од нееднаква примена на правдата.

Мицкоски посочи дека токму поради овие причини, меѓународните експерти препорачуваат враќање на претходното законско решение од периодот 2008–2009 година. Сепак, тој подвлече дека студентите кои студираат право на албански јазик имаат загарантирано право на образование на својот мајчин јазик, како дел од системот во земјава.

Во обид да се надмине спорот, веќе е формирана експертска комисија составена од уставни правници, која има задача да изнајде решение што ќе биде правно одржливо и меѓународно прифатливо.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран