УТРО.мк

Инцидент во Собранието: Дебатата за родова еднаквост прекината по жестока расправија

Инцидент во Собранието: Дебатата за родова еднаквост прекината по жестока расправија
Vero

Претпладнето во Собранието наместо аргументирана дебата, имаше тензии, повишени тонови и сериозни обвинувања. Јавната расправа посветена на еднаквите права на мажите и жените излезе од контрола во моментот кога пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците остро реагираше поради, како што посочи, игнорирање на Законот за јазиците.

Од говорницата, Даути побара веднаш да се прекине седницата, нагласувајќи дека материјалите за дискусија не ѝ биле доставени на албански јазик. Во емотивно обраќање, таа оцени дека наместо да се зборува за заштита од насилство, самата се соочила со, како што рече, психолошки притисок и дискриминација во институцијата.

Нејзиниот настап предизвика бурна реакција кај дел од присутните. Заменик-претседателката на Комисијата, Весна Ѓорѓиева, возврати дека расправата не смее да се претвори во политичка сцена за собирање поени, апелирајќи фокусот да остане на суштината на темата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран