
По студеното утро, утрешниот ден ќе донесе пријатно и стабилно време со многу сончеви периоди и повремена мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец, додека утринските температури на повеќе места ќе се движат од -4 до 2 степени. Во текот на денот воздухот значително ќе се затопли, па максималните вредности ќе достигнат меѓу 14 и 20 степени.
Во главниот град се очекува претежно сончево и релативно топло време. Скопјани утрото ќе го започнат со температура околу -1 степен, а во попладневните часови живата во термометарот ќе се искачи до околу 20 степени. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.























