На денешното гласање за локални избори, едно лице беше приведено во Основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризари поради фотографирање со гласачко ливче, соопшти портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. Случајот е еден од вкупно 10 пријави за нарушување на изборниот молк регистрирани до отворањето на избирачките места утрово, при што најмногу пријави има на подрачја на СВР Скопје и СВР Охрид (по три), две на СВР Штип и по една на СВР Тетово и СВР Битола.
Андреевски истакна дека шест од овие случаи не се потврдени, додека 19 објави на социјалните мрежи се поврзани со повици за гласање или промоција на партиски активности во штабови.
Тој додаде дека гласањето на болни и изнемоштени лица, како и на затвореници, се одвивало без проблеми на сите подрачја.































