УТРО.мк

Притвор за сопственикот на „Марковски компани“ по одлука на Кривичниот совет во Битола

Притвор за сопственикот на „Марковски компани“ по одлука на Кривичниот совет во Битола
Vero

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство и ја преиначи првичната одлука, определувајќи притвор за сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски. Со оваа одлука, Судот ги уважи аргументите на обвинителството, кое укажа на ризик од бегство на осомничениот, имајќи предвид дека тој поседува значителен имот во странство.

Обвинителството претходно поднесе жалба на решението со кое на Марковски и на еден од раководителите во РЕК „Битола“ им беше изречена мерка куќен притвор, барајќи за двајцата затворски притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Во истрагата, што опфаќа осум физички и едно правно лице, петмина раководители и директори во РЕК „Битола“ се сомничат за продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, бидејќи, спротивно на рударскиот проект и потребите на рудникот „Живојно“, реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола.

Марковски и неговата компанија се осомничени дека доставувале фактури за непостоечки работи и незаконски наплатиле 106,2 милиони денари со ДДВ, со што сториле кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство“.

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на првичната судска одлука за куќен притвор, оценувајќи ја како „срамна“, со обвинување дека судството под влијание на СДСМ и ДУИ ги штити „криминалците од РЕК“.

Предистражните дејствија беа спроведени од Управата за финансиска полиција, по наредба на јавниот обвинител, при што се обезбедени докази што упатуваат на основано сомнение за сериозни злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран