УТРО.мк

Претреси во неколку општини во Македонија – еве што се случува

Претреси во неколку општини во Македонија – еве што се случува
Vero

Претреси во Липково, Куманово и Желино – под истрага компании за даночни злоупотреби со нафтени деривати

Управата за финансиска полиција утрово изврши координирани претреси на повеќе локации во општините Липково, Куманово и Желино. Акцијата е дел од широка истрага насочена кон организирана група осомничена за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари.

Според првичните сознанија, истрагата се однесува на компании што работат во трговијата со нафтени деривати. Се сомничи дека преку нив бил спроведен сложен криминален механизам со кој е предизвикана штета од повеќе од 7 милиони евра.

Од МВР засега не откриваат колку лица се опфатени со истрагата, ниту точниот број на локации каде се вршат претреси. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран