УТРО.мк

Полицијата за време на викендот напишала 1549 казни – еве за што најмногу се казнувало во Македонија

Полицијата за време на викендот напишала 1549 казни – еве за што најмногу се казнувало во Македонија
Vero

За викендот од 1549 издадени платни налози дури 844 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење

Во деновите од изминатиот викенд (13./14.09.) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1549 издадени платни налози повеќе од половината, односно 844 се однесуваат на сообраќајните прекршоци поврзани со непочитување на пропишаната брзина на движење. Понатаму, според бројноста следат 148 прекршоци за неправилно паркирање, потоа 145 прекршоци за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 76 прекршоци за возачи кај кои е утврдено присуство на алкохол во крвта над законски дозволеното ниво.

Ист така, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на овој викенд санкционирани се и 46 возачи на моторцикли заради неносење заштитен шлем, потоа 23 лица заради говорење на мобилен телефон при возење, само еден пешак и петмина возачи што минале на црвен семафор, додека пак прекршочно се казнети уште 58 лица кои некористеле сигурносен појас. Воедно, во текот на викендот полициските службеници евидентирале и 16 кривични дела – „безобзирно управување со моторно возило“ по член 297-1 од КЗ на РСМ, од кои што 11 кривични дела се однесуваат на прекумерно количестрво алкохол (над 1,5 промили во крвта) и пет кривични дела причинети со управување со брзина поголема од дозволената.

Инаку согласно Законот за возила, регистрирани се 14 прекршоци кај возила што учествувале во сообраќајот без валидна сообраќајна регистрација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран