УТРО.мк

Пукање во Скопје: зрно од огнено оружје заврши во паркирано возило

Пукање во Скопје: зрно од огнено оружје заврши во паркирано возило
Vero

На 14.09.2025 во 16:40 часот во СВР Скопје, Н.Н.(22) од Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба, од заталкано зрно од огнено оружје оштетено е ветробранско стакло од неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал. Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното  за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран