Народната банка од 1 декември воведува нови правила за кредитирање со цел олеснување на купувањето прв стан или изградбата на куќа. Според новите мерки, банките ќе можат да одобруваат кредити со само 10% сопствено учество, а каматната стапка ќе се движи помеѓу 0,5 и 0,75 проценти, но само за оние кои ќе докажат дека ќе живеат во станот или куќата.
За оние кои купуваат станови за издавање или за инвестиции, условите се значително потешки – минималното учество се зголемува од 15 на 25 проценти, а каматните стапки ќе бидат повисоки. Народната банка најави и контроли, при што утврдените измами може да доведат до зголемување на каматата и кривична одговорност. Целта на овие мерки е превенција од прекумерно задолжување и заштита на финансиската стабилност.
Покрај новите правила за кредити, гувернерот Трајко Славевски најави дека инфлацијата продолжува да се намалува, со очекување во наредниот период да падне под три проценти, а во следните две години да се стабилизира околу два проценти, како во еврозоната. Според Државниот завод за статистика, месечната инфлација во август изнесува 0,2%, а на годишно ниво достигна 4,4%.